Излезе „Девојка“ – нов сингл на Д.Н.О

Written by on март 10, 2021

По подолго време, групата Д.Н.О издаде нов сингл. Текстот и музиката на песната „Девојка“ се на Владимир Поп-Христов, во изведбата гостува Михаил Парушев на тапани, а миксот е направен во студиото „Спална соба“.

-Со поддршка на студиото „Алшар“, каде ги снимивме тапаните, создадовме една симпатична песничка. Додека трае ова време-невреме и додека сме вака во залет, ќе се обидеме да снимиме уште неколку вакви убави песни – најавуваат од Д.Н.О.

„Девојка“ го има специфичниот призвук што го негува алтернативната поп-рок група Д.Н.О. Песната можете да ја слушнете на линкот:


[There are no radio stations in the database]