Избрана песната што децата од „Дајте музика“ ќе ја пеат на Јуниор Евросонг во Париз

Written by on октомври 24, 2021

Кристина, Анастасија, Миха и Филип од серијалот „Дајте музика“ ќе ја претставуваат Македонија на Јуниор Евросонг, со песната „Грин форсес“.

Откако од МРТ пред неколку дена најавија дека децата од „Дајте музика“ ќе бидат македонски претсавници на Јуниор Евросонг, сега ги открија имињата на двете момчиња и двете девојчиња што ќе пеат, а го открија и името на песната, чија промоција ќе биде наскоро.

МРТ оваа година реши да го искористи правото на интерна селекција и избор на претставник на музичката манифестација. „Дајте музика“ е еден од најпопуларните и најгледани телевизиски програми за деца кај нас. Главни протагонисти се група талентирани актери и пејачи кои за кусо време станаа идоли на новата генерација. Тие испеаја повеќе од 80 песни, на кои веќе три години работат дел од најпознатите македонски композитори, а издадени се два албума и има милионски прегледи на музичките платформи на нивните детски хитови.

Годинашното 19. издание на Јуниорската Евровизија ќе се одржи на 19. декември во Париз, откако лани победи Валентина од Франција. Настанот ќе го пренесува Македонската радио телевизија.


[There are no radio stations in the database]