Здравко Чолиќ објави нов сингл „Не дај да остарим сам“

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ ја објави својата нова песна под наслов „Не дај да остарим сам“.

Оваа емотивна балада раскажува приказна за љубовта, преиспитувањето и стравот од губење на блискоста, а ја потпишува познатата кантавторка Маја Сар.

FOTO Marko Mitrović

Продолжување на успешната соработка
Ова е трет пат Чолиќ и Маја Сар да ги здружуваат своите сили, по хитовите „Зар се нисмо схватили“ и „Прије него те изгубим“. Според соопштението од PR тимот на Чолиќ, новиот сингл дополнително ја потврдува нивната наклонетост кон интимни теми, нагласувајќи ја кршливоста и потребата за блискост. Чолиќ ја интерпретира песната мирно, но изразно, внесувајќи посебна сила во секој стих.

Романтични кадри од Венеција
Придружниот видеоспот, во режија на Горан Ковачиќ, дополнително ја истакнува интимната атмосфера на песната.

Погледнете го спотот за најновата песна која во моментов е БУБАМАРА ХИТ.