Здравко Чолиќ ги руши сите рекорди!

Written by on ноември 28, 2019

Интересот за концертите на Здравко Чолиќ не стивнува!

Билетите за четирите настапи во најголемата сала на Балканот се распродадоа со неверојатна брзина, а публиката се уште бара место повеќе за спектаклот на годината.

 

Желбата на фановите, на најголемата музичка ѕвезда на овие простори, отсекогаш била на прво место, па одлучил да запее и петта ноќ – закажа петти концерт, кој ќе се одржи на 27.-ти декември во Штарк арената.

Инаку, од почетокот на кариерата, Чолиќ е апсолутен рекордер со продадени албуми, хитови и одржани концерти.

Тие рекорди ги руши и денес, а ваквиот успех можеби и не треба да изненадува.

Имено, од првата голема турнеја во далечната 1978. година кога го промовираше рекордниот албум “Ако приџеш ближе” распродаден во повеќе од милион копии, до ден денес, Чолиќ, реди успеси кои се својствени само за него.

Анкетите на списанијата го прогласуваа за најомилена личност, а секоја насловна страница ја имаше неговата фотографија.

 

Девојките буквално паѓаа во несвест кога ќе го видеа.

 

 

Неговата музика ја одбележа младоста на повеќе генерации,….. а, по толку години на музичката сцена, по снимени 15 студиски албуми, одржани илјадници концерти и песни кои станаа безвременски хитови – без дилема, Здравко Чолиќ не е само музичка звезда, тој е музичка легенда!!!


Current track

Title

Artist