За новата балада на Алка Вуица, аранжманот го направи Тоше Поп Симонов

Written by on јуни 5, 2022

Новиот сингл „Не мислим више на тебе“ на Алка Вуица има интересен авторски тим – музиката ја напиша Марија Мирковиќ, некогашната членка на „Фрајле“, а аранжманот, миксот и мастерингот се дело на Тоше Поп Симонов.

-Песната е направена одамна, уште во 1980-ите, а ја најдов средувајќи ја својата архива. Ја испратив на Марија, која тогаш беше во Скопје. Таа веднаш влегла во студио, ја напишала музиката, а Тоше се понудил да помогне. Сѐ излезе некако спонтано и така е најдобро. Веќе одамна не сум имала балада, а оваа песна е баш тоа – роматична балада, вели Алка Вуица.

Хрватската пејачка, текстописец и ТВ-лице, вели дека се радува поради соработката со Тоше Поп Симонов.

-Неизмерно го ценам, но не сум имала можност да соработувам досега со него. Песната „Не мислим више на тебе“ настана со гитара, прво како текст, а потоа Маки (Марија Мирковиќ) ја направи мелодијата. Тоше со својот аранжман додаде и некои етно елементи и посебна емоција и мислам дека на песната ѝ даде посебна убавина – вели Алка Вуица.

– Алка Вуица со целиот свој авторски багаж, секако, е предизвик и мислам дека успеавме да создадеме едно заедничко дело кое ќе ѝ се допадне на нејзината публика – вели Поп Симонов, кому ова му е прва соработка со хрватската пејачка.

Оваа песна ќе се најде на новиот албум кои заедно го подготвуваат Алка Вуица и Марија Мирковиќ и кој се најавува како „вистински женски албум“ на две авторки. Со новиот студиски албум Алка ќе ја прекине дискографската пауза на по 16 години. 


Current track

Title

Artist