Замина Кили, добриот дух на секоја забава!

Кирил Поп Христов, театарски, филмски и ТВ-актер, своевиден enfant terrible на домашната сцена, почина на 58-годишна возраст.

Талентиран, музички и актерски, со одлични социјални вештини и широки познавања, Кили беше и долгогодишен соработник на Бубамара – и како водител на радио-програмата и подолг период во подготовката и реализацијата на Златната Бубамара на популарноста.

Во своите бројни учества на Златна Бубамара, тој беше нашиот Субрата Рој и нашиот Џери Ли Луис, човекот зад клавирот и добриот дух на секоја забава.

На Кили секаде му беше тесно. Последниве 12 години, со сопругата Гордана Деан Поп-Христова, кореографка и професорка по современ танц, и со ќерката Јоана живееше во Еквадор. Таму и ќе биде погребан.

Друже Кили, ни недостасуваше и овие 12 години, сега ќе ни недостасуваш – секогаш.

Нека продолжи да пее, да се смее и да се шегачи Твојата неуморна душа. Збогум, другарче!

https://www.youtube.com/watch?v=wfHCmduuXNo

https://www.youtube.com/watch?v=Nzij3jq17IM

https://www.youtube.com/watch?v=7AF8foDi40A