Закажан концертот во чест на Тоше Проески
Written by Р.Б. on јуни 11, 2018
На 13 октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески. Балкански и македонски ѕвезди ќе ги отпеат најголемите хитови од легендарниот македонски пејач, а од фондацијата „Тодор Проески“ ни изјавија дека се уште е рано да откриваат детали за настанот кој фановите со нетрпение го очекуваат.
На концертот најверојатно ќе биде промовиран и четвртиот постхумен албум со работен наслов Secret place кој содржи десет песни на англиски јазик.
„Се подготвуваат и три видеозаписи. Едниот е снимен во Македонската филхармонија, вториот во студио, а третиот во Крушево. Албумот се работеше во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт. Во англиската верзија на албумот, една од песните е на внукот на Тоше, Кристијан Ристевски“, најавија од фондацијата во јануари годинава.