„Забрањено пушење“ објави спот што нема да остане – под радарот

Written by on јануари 21, 2023

Откако објави спотови за песните „Корона хит позитиван“ и „Екрем“ од двојниот албум „Карамба“, сараевската група „Забрањено пушење“ деновиве објави видео и за песната „Испод радара“.

Ова е трета песна од новиот албум „Карамба“, која добива видео–верзија. Видеото раскажува приказна за човек кој изгубил многу – и жени и пријатели, и верата во Бога, човек кој не станал ни славен, ни богат, но и натаму верува во љубовта.

Автори на оваа емотивна рокенрол балада се Сејо Секстон, Елвис Џ. Куртовиќ, Томислав Андриќ и Тони Ловиќ, а спотот го режираше Јасмин Јатиќ.

-Песната „Испод радара“ има некој тажачки тон, па и видеото е такво – во атмосфера на тага по некогашната драга, а „Забрањено пушење“ докажува повторно дека е најдобро баш во љубовните песни – вели режисерот Јатиќ.

Оваа песна ги достигнува старите хитови на групата – штом ќе почне, веднаш знаеш дека во прашање е „Забрането пушење“, вели глумецот Синиша Удовичиќ кој игра во видеото со Ивона Баковиќ.

 

Фронтменот на групата Сејо Сексон, скромно, како и секогаш, предвидува дека песната ќе го „легне“ целиот регион.

-Сигурен сум дека песната нема да помине „под радарот“ и дека публиката ќе ја сака и ќе ја пее, па макар и кога ќе испие малку повеќе, како јунакот на нашиот спот – вели Сексон.


Current track

Title

Artist