Жељко Самарџиќ ги изненади фановите-по зимската балада, објави и дуетска песна!

Written by on декември 28, 2021

Жељко Самарџиќ, минатата недела, ја претстави новата песна насловена „Опрости ако тражим превише“. Станува збор, како што вели, за емотивна зимска балада, која мириса на варено вино и љубов, а зад која авторски стојат Драган Брајовиќ Браја, кој се потпишува на музиката и текстот и Мирослав Столица, кој беше задолжен за аранжманот и продукцијата. Песната премиерно во живо ја изведе на концертот во Комбанк двораната во Белград, на 24. декември.

Дека на новогодишните изненадувања им нема крај, докажува уште едно ново видео и дуетска песна со Слаѓана Мандиќ, објавена завчера. „Мали обични нешта“, е насловот на нивниот заеднички сингл, чии автори се Амил Лојо, Армин Шаковиќ и Мирослав Столица.

Жељко Самарџиќ, инаку, со својот бенд, за претстојните новогодишни празници ќе настапи на плоштадот во Зеница и во зимскиот центар на Купрес.


[There are no radio stations in the database]