Жељко Бебек има нов хит

Written by on мај 31, 2021

Песната „Kupit ću nam sat“ е новиот службен сингл на легендарниот Жељко Бебек, за кој тој објави и видео. Оваа песна, која веќе извесно време може да се слушне во радијскиот етер, Бебек првпат во живо ќе ја изведе на претстојниот фестивал во Водице на 12 јуни.

-Ова е првата песна на мојот нов албум. Песната има заразен ритам, а видеото го снимавме на еден опасен амбиент, во недовршената Универзитетска болница во Загреб, објект кој зборува за минливоста на времето. Часовникот исто така потсетува на нешто што се случило ли допрва треба да се случи – вели Бебек за новата песна.

Пандемиското време без концерти, Бебек го искористи за работа во студио и за снимање на нови песни, а особено е среќен што меќу нив е и дуетот „Каков татко, таков син“ со неговиот син Звонимир Бебек. Бебек помладиот сериозно зачекори во светот на музиката, а публиката која досега го имаше запознаено како гитарист на татковите концерти, сега ќе го слушне и како пејач.

Новиот албум на Жељко Бебек, насловен „Mali oblak ljubavi“ ќе се појави на пазарот на 11 јуни.  

Уште една порака од легендарниот Бебек: „Кога слушате музика, не слушајте ја патем, туку посветете и внимание, барем колку што трае песната. Сите музичари кои работеле на неа, потрошиле часови во студиото за да звучи таа онака како што ја слушате. А, јас, како и секогаш, од срце пејам!“.


[There are no radio stations in the database]