Женското трио „Тринити стингс“ промовира шарм и талент

Written by on јули 8, 2021

Три шармантни и талентирани девојки, еден историски локалитет, еден предизвикувачки рефрен и многу пофалби и поддршки. Вака накусо звучи приказната околу женското трио „Тринити стрингс“, кое деновиве ја објави песната „Да или не“.

Во „Тринити стрингс“ членуваат: Марта Куч, виолончелистка и вокал и виолинистките  Александра Мирсинова и Ирена Стојановска. Музиката и текстот на песната “Да или не“ ја напишаа Марта и Ирена, а аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Iwayo.

За песната е снимено и атрактивно видео во продукција и режија на Горан Симјановски. Историскиот локалитет Хераклеја е извонредна сценографија за ненаметливиот шарм на трите девојки од „Тринити стрингс“.

Ова е храбар исчекор на „Тринити стринг“ во кросовер-музицирањето, кое со многу успех го практикуваат многу светски музички ѕвезди.


[There are no radio stations in the database]