Е-Play ја сними песната „Хотел Југославија“ со Бајага!

Written by on ноември 18, 2021

Нешто ново! Дует Е-Play и Бајага! Станува збор за песната „Хотел Југославија“ која е снимена во продукција на РТС.

Оваа љубовна песна го носи името на местото на потекло – познатиот белградски хотел Југославија, каде што E-Play има простории за проби.

Пејачката и басист на бендот Е-Play, Маја Цветковиќ по повод оваа интересна соработка изјави:
„Искрено, многу е убаво да се види Бајага на лице место како пишува стихови, колку се грижи за текстот, како составува рими и колку е важен неговиот вокал во песната. Сите го знаеме талентот што го поседува, додека веселата енергија која тој ја има е неверојатна, па така да јас сум таа што повеќе уживаше во целиот процес“, рече Цветковиќ.


Спотот „Хотел Југославија“ го направи Вук Протиќ.


[There are no radio stations in the database]