Елена Ристеска со нова песна слави 20 години кариера

Written by on декември 12, 2022

Елена Ристеска оваа година слави 20години на македонската музичка сцена, откако првпат се појави и победи на аудициите на М2 во 2002ра година, на 22 декември.  За овој голем јубилеј, таа на сите нејзини фанови им подарува  нова песна.

Станува збор за песна на англиски јазик,  на која соработува со италијанскиот диџеј Сперадајз, а која е насловена „Hard to be in Love“. Ја издаде „Арџента рекордс“ од Италија. а пропратена е и со интересен, анимиран спот.

Текстот на песната е на Елена, а аранжманот е на македонскиот продуцент и композитор Лазар Цветковски во соработка со Алесандро Ло Нигро.

Ова е прва песна на Елена по неколку години пауза. Таа последните години е посветена на бизнисот за производство на парфеми и козметика „ЕРА“, а од неодамна работи и како менаџер на неколку млади пејачи.

 


Current track

Title

Artist