Ексцентричен перформанс, оригинален текст! Констракта со „In Corpore Sano“ ќе ја претставува Србија на Евросонг 2022!

Written by on март 8, 2022

Пејачката Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, победи во финалето на изборот за песна на Евровизија во Србија.

Таа ќе ја претствува државата со песната „In Corpore Sano“ на најпопуларниот европски музички натпревар кој во мај ќе се одржи во Торино.

Констракта доби над 40.000 СМСгласови од публиката, и веднаш кажа дека воопшто тоа не го очекувала.

За кратко време по нејзиниот настап, Констракта предизвика големо внимание во јавноста.

Нејзината песна In Corpore Sano набрзо се најде на тронот на трендингот, а обложувалниците каде што не беше ни на повидок пред полуфиналето, ја ставија на самиот врв на фаворитите на престижното натпреварување.

Освен перформансот, зборовите во песната исто така оригинални, а говори за начинот на живот на слободните уметници и поддршката за нив, за тоа како креираат и создаваат, а немаат здравствено осигирување. Целта на песната е да го фокусира вниманието на тоа.

Текстот на победничката песна започнува на специфичен начин со стихот „Која ли е тајната на здравата коса на Меган Маркл“, а социјалните мрежи горат со коментари дека во евровизиска песна е опеана косата на Меган Маркл.

На прашањето дали во Торино ќе пее на српски јазик, Констракта одговори:

„Јас би пеела на српски и би оставила титл, ако се прашувам, но рано е. Песната има многу слоеви, па секој нека избере што ќе слушне. Ајде да размислиме. Единствената порака на песната не е дека уметниците немаат здравствено осигурување, здравствена книшка. Овој фестивал е добар за да се претстави дел од она што постои во музичката продукција во Србија“.


[There are no radio stations in the database]