Ексклузивно на 105,2: Стресот на светот Бајага го отпеа во новата песна „21 век“

Written by on јуни 5, 2022

Сите современи стравови, неодговорени прашања, збунувачки дилеми и колективната анксиозност која ја споделува светот во моментов, Бајага ги отпеа во новата песна насловена едноставно „21 век“.

На сопствен текст, музиката ја напиша Бајага во соработка со А.Локнер.

„Траума во главата, која луѓето ја слушаат, траума во времето што го живеат…“, вака некако Бајага го опишува моментот низ кој минува светот, во кој, како што вели, луѓето се збунети „поради маските и бензинот“ и во кој „нашата уморена планета застана“.

За споредба од неговата песна „20 век“, објавена 2017 година на албумот „С друге страна јастука“, каде што сите пејат, а Бајага прашува „луѓе, дали ви е до пеење“, новата песна „21 век“ пее, но во посива атмосфера, во која се пресликани турбулентните состојби поради кои овој 21 век не изненади сите нас. 

Ексклузивно на 105,2, неделава ја слушате „21 век“ на Бајага и инструктори како хит на неделата на Радио бубамара.


Current track

Title

Artist