Д.Н.О. со видео запис за „Чувај ме“!

Written by on јули 26, 2021

Друштвото со неограничена одговорност односно Д.Н.О по објавување на синлот “Девојка” сега повторно објавуваат нов сингл, но овој пат и со видео запис под името “Чувај ме”.

За изработката на овој видео запис се погрижи продуцентската куќа “Фабрика”, каде како режисер се јавува Љупчо Трајковски, а за камера беа задолжени Јаков и Марјан Огненовски. Надворешен соработник за фотографија е Дарко Шахпазов.
Спотот се снимаше во денсинг салата на Младинскиот културен центар.
Музиката се снимаше во “Студио Спална Соба” и “Алшар Студио” во изведба на
Владимир Поп-Христов Мио – вокал и бас гитара, Тони Мичевич – гитари и Михаил Парушев на тапани.

“На мое огромно задоволство целата организација околу се ова одеше  како подмачкано, јас сум многу среќен и бескрајно благодарен на целата екипа од Фабрика – Дарко Шахпазов,Русе Арсов како и на МКЦ кои излегоа во пресрет и се надевам на понатамошна соработка за вакви убави работи, во се надевам поубави времиња”,вели Мио.

По завршувањето на летните одмори групата планира и официјална промоција на видео записот за песната “Чувај ме” со која ќе настапат на еден мини концерт како најава на долго очекуваниот албум кој треба да излезе 2022.


[There are no radio stations in the database]