„Душа бакшиш“-уште една боемска балада од Дац и Александар Митевски!

Written by on ноември 15, 2021

Популарниот двоец, Дац и Александар Митевски, ги почестија своите фанови со уште една песна за душа. Тие на социјалните мрежи и на својот јутјуб-канал ја промовираа новата боемска балада „Душа бакшиш“.

Инаку, станува збор за авторска песна во која ќе уживаат сите генерации и секако, проследена со интересна видео приказна , како што само тие двајцата умеат да ја раскажат.

Според зборовите на Дац и Александар, оваа балада е продолжение на приказната на хитот „Уште ми фалиш“, која ја отпеаја на „Макфест“ пред две години, која веднаш влезе во срцето на публиката во земјава и пошироко.


[There are no radio stations in the database]