Дупер го објави првиот албум!

Written by on јули 7, 2021

Бендот „Дупер“ вечерва во 18 часот на својот Јутуб канал ги објави новите песни од првиот албум насловен „Хипер“.

Уште од нивното појавување беа вистинско освежување на македонската музичка сцена.

„Не сум твој тип“ е нивната прва песна со која успеаја да ја пренесат нивната позитивност.

Следуваа „Тело за на ТВ“, „Ние сме 2“, „Пробај да ми бидеш“, „Патник“, „Пак и пак“, „Единствен начин“… па сѐ до „Сменета“, соработката со Матеј Фолц.

Сега веќе на нивниот Јутуб канал, можете да ги слушнете и новите песни во нивниот препознатлив Дупер стил.


[There are no radio stations in the database]