Доделени наградите Цесарица 2020!
Written by Р.Б. on јануари 23, 2021
Синоќа на ХТВ2, од 20:05 ч, се одржа телевизиско шоу на кое беа доделени музичките награди Цесарица 2020.
Имено, со оглед на епидемиолошката состојба поради пандемијата со корона вирусот, финалето на четвртото издание на престижната Цесарица, за прв пат помина без церемонија на доделување на награди во живо на сите победници.
Наместо live настан, Ива Шулентиќ во ТВ емисија ги презентираше хитовите на сите 12 месеци, како и изведбата во живо на хитот на годината.
Како никогаш досега, во финалето на музичките награди Цесарица, најмногу гласови од публиката доби песната „Ova ljubav”, во изведба на Јелена Жнидариќ(Zsa Zsa) и младиот хип-хоп музичар Хиљсон Мандела.
Победничката песна ја потпишуваат Анте Пецотиќ, Бојан Шаламон и Иван Хиље (Хиљсон Мандела).
За забавен хит прогласена е „Sveto pismo“ од Јелена Розга, која воедно има и најмногу прегледи на интернет , па со тоа стана и добитник на наградата за интернет хит.
Наградата за Рок хит оваа година ја освои групата Хладно пиво со песната „Ovo će proći“, која ја снимија во соработка со Online Friends.
Меѓу останатите награди, да ја спомнеме и наградата за песната што имаше најголема слушаност на радиостаниците, а тоа е песната „Mali krug velikih ljudi“ во изведба на Масимо.
Цесарица за најдобар автор за 2020 година доби Анте Пецотиќ …..