ДНК ПРОМОВИРАА НОВА ПЕСНА ПРЕД ЈУБИЛЕЈНИОТ КОНЦЕРТ
Written by Р.Б. on ноември 24, 2022
Уште само девет дена до големиот концерт на популарното дуо ДНК.
На 3-ти декември во спортскиот центар „Борис Трајковски“, Панчо и Андреј, ќе го одбележат големиот јубилеј – 20 години музичка кариера.
Во пресрет на роденденскиот концерт, на нивниот фб профил го објавија новиот и последен сингл „Романи“, а кој ќе биде дел од претстојниот албум насловен „Дваесет“.