Дино Мерлин најави нова песна и спот!
Written by Р.Б. on октомври 28, 2020
Дино Мерлин, деновиве, потпиша нов ексклузивен договор со Croatia Records.
Исто така, на 26 октомври, на неговиот официјален You Tube канал, го најави новиот спот и песната со наслов „Ми“.
Премиерата на спотот се очекува на 29 октомври, а ова е воедно и првата песна што еден од најпопуларните пејачи во регионот ќе ја претстави од претстојниот албум, а кој публиката со нетрпение го очекува.
Самиот тизер не кажува многу, но привлекува внимание, а судејќи според досега сработеното, Дино Мерлин уште еднаш ќе и понуди на публиката нешто ново, инспиративно и автентично.