Дино Мерлин го објави новиот сингл „Еден ден, една ноќ“

Written by on мај 31, 2021

Музичкиот маѓесник Дино Мерлин објави нова песна, насловена „Еден ден, една ноќ“. Ова е третиот сингл од неговиот претстоен 12. студиски албум.

-Песната „Една ноќ, еден ден“ има посебно место во моето срце, баш како и вистинскиот настан, кој ја инспирираше. Ова е приказна за љубовта која никогаш не престанува – објаснува Дино Мерлин.

Најавувајќи ја новата песна тој вели дека останува оптимист.

-Се надевам дека по сето ова време што е зад нас, иако се уште тука со нас, ќе бидеме подобри едни кон други, чувајќи ги оние космички сили кои не поврзуваат под ова заедничко небо – вели Мерлин.

На новата песна, во октомври минатата гоидна и претходеше хитот „Ми“, а веќе во јануари следуваше дуетот „Дојди“ со словенско-црногорската пејачка Сенида.


[There are no radio stations in the database]