„Диета“- нов хит на Дубиоза колектив!

Written by on ноември 24, 2020

Познатиот босански бенд Дубиоза Колектив, продолжуваат да се дружат со своите фанови секој понеделник.

Со „мини концерти“ на фејсбук и јутуб го емитуваат таканареченото Карантин шоу, со кое од 19 октомври, ја започнаа и втората сезона.

А минатата недела ја изненадија својата публика и со нов сингл.

Новата песна е со наслов „Диета“, а интересно е што на истата им гостуваат  Марко Касуми од Москва на тромбон и Орхан Масло од Мостарската школа за рок, инаку поранешен член на Дубиоза.

Со енергија и хумор во нивен стил, момците од Дубиоза, за новата песна велат дека е „Песна за сите нас кои се здебеливме од почетокот на пандемијата“.


Current track

Title

Artist