Дивље јагоде со синглот “PLAVE NOĆI BEZ TEBE”го најавуваат новиот албум!

Written by on февруари 5, 2022

Регионалниот рок бенд „Дивље јагоде“, по последниот албум „Jukebox“, овие денови објавија нов сингл, кој воедно е и најава за претстојниот студиски албум во издание на Кроација рекордс, а би требало да излезе некаде пред летото оваа година.

За новата песна која е насловена “Plave noći bez tebe”, музиката, текстот и аранжманот ги потпишува Зеле Липовача, а објавен е и спот за истата.

Со својот препознатлив авторски печат, основачот на бендот, Зеле Липовача, на публиката и подарува уште една жестока рок песна која покажува дека и по повеќе од 40 години, „Дивље јагоде“ се дефинитивно спој на цврстиот рок, најубавите балади, но и хеви метал звукот.


[There are no radio stations in the database]