Дајте музика и Лозано – „Другар”!
Written by Р.Б. on февруари 1, 2021
Во епизодата “Телефонот не е играчка”, од најпопуларната емисија за деца “Дајте музика”, гостува Влатко Лозаноски со песната “Другар”, која е специјално направена за овој музичко-едукативен серијал.
Комплетен автор на песната е Лазар Цветковски.
Инаку, главните ликови од детското шоу велат дека нивната мисија е да се доближи македонската музика до младата публика.
Епизодата “Телефонот не е играчка”, ќе се емитува во среда, 03. Фебруари во 19ч на МТВ 1