Данијела Мартиновиќ им „верува на луѓето“

Written by on ноември 18, 2022

Хрватската поп-ѕвезда Данијела Мартиновиќ има нова песна “Vjerujem ljudima” за која самата вели дека е ода за доброто кое живее во секој човек.

„Понекогаш е неопходно се да се раздрма, да се сруши за добрината да засјае во секој од нас. Цврсти прегратки, сигурност, пригоден збор, убав гест, малку љубезност, малку разбирање. Никој и ништо не може да не спречи да бидеме племенити. Постои уште еден, за мене особено драг начин, а тоа се добри желби и добри намери. Можеме да им ги пратиме на кого било, каде било, кога било. И знаете што, поштарот со добри желби и намери непогрешливо знае и секогаш знае дека ги доставува на вистинска адреса, во совршен момент. Верувајте ми, знам, пробав“, раскажа Данијела.

“Vjerujem ljudima” авторски ја потпишува композиторот, гитарист и продуцент Зоран Мишолонгин кој стои зад музиката и текстот, аранжманот е на Томислам Модриќ, за продукцијата најзаслужни се Томислам Модриќ и Мирослав Лешиќ, а целата музичка приказна дополнително ја оплемени ансамблот Хусар и Томчиќ за чиј вокален аранжман се погрижи Ивана Хусар Млинац.


Current track

Title

Artist