Дадо Топиќ пее, а Влатко Стефановски свири – „Само за њу“

Written by on јуни 29, 2022

За прв пат во кариерата, музичките великани Дадо Топиќ и Влатко Стефановски ги здружија силите и знаењето, а резултатот е емотивната балада „Само за њу“. Текстот е на Дадо Топиќ, компонирана е од Зоран Коневиќ и Шидахар Соланки, и е една од деветте песни на неодамна објавениот албум „План Б вол. 1.“, соопштуваат од Фондацијата План Б.

  • Изминатите две години сите не научија дека може да има и потешки времиња на кои мора да се прилагодиме. На уметниците не им одговара да се одмораат, се додека имаме инспирација, како што е кај мене, треба да создаваме. Ова е благородна идеја што ми се допадна и затоа напишав песна која потоа ја отпеав во студиото на Жељко Николин во Осиек. „Само за њу“ е прекрасна балада што сакам да ја пеам. Особено ми е чест што Големиот Стефановски ги свири гитарските делови – рече Дадо.

Аранжманот на оваа песна, како и на сите останати на албумот, го потпишува Воијслав Аралица, а во Младинскиот театар во Бања Лука се снимаше интересно видео во режија на Сузана Лазиќ.


Current track

Title

Artist