Даворин Боговиќ и актерката што сака да биде рок-пејачка ја отпеаја „Мигрена“

Written by on февруари 1, 2023

Актерката Ана Марија Бокор Врдољак и Даворин Боговиќ, поранешниот член на групата „Прљаво казалиште“, ја отпеаа заедно песната „Мигрена“, на текстот на Бокор Врдољак, а на музика на двоецот ShyBy, составен од композиторот и музичар Иван Арнолд и актерот Марио Мирковиќ.

На Ана Марија Бокор Врдољак, актерка во загрепскиот театар Жар-птица“, ова и е прва музичка соработка, надвор од театарската сцена.

-Веќе долго страдам од мигрена и едноставно на хартија го запишав тоа што го чувствувам. Кога текстот го споивме со музиката сфативме дека имаме одлична рок-песна, за која сум сигурна дека многумина ќе ја потпевнуваат. Се поврзав со Даворин Боговиќ, мојот музички идол, и тој, на мое големо одушевување, прифати „Мигрена“ да ја отпееме заедно и дури и да ја вклучи во својот нов албум – вели Бокор Врдољак.

 

За песната е снимен и видео-спот. Боговиќ, легендата на „Прљаво казалиште“ вели дека се работи за призори од брачниот живот.

-Ми се допадна „Мигрена“ и се вклопува во мојот стил, а сега сум и онака во петта брзина бидејќи го подготвувам новиот албум – вели Боговиќ.

Во песната, како што велат Ана Мaрија и Даворин, ќе се пронајдат сите кои страдаат од мигрена, а тоа се обично жените, но песната добро ќе ја разберат и нивните партнери. „Мигрена“ опишува ситуации од секојдневниот живот на духовит начин, а хуморот е секогаш вистинскиот олеснувач.

 


Current track

Title

Artist