Давид Темелков на најголемиот регионален фестивал “Сунчане Скале”се претстави со баладата “Реци ми”

Written by on јули 11, 2022

На самиот почеток летово, освен море, сол и сонце, ни ја носи и новата балада на Давид Темелков, и тоа од најголемиот регионален фестивал “Сунчане Скале” кој се одржа во Херцег Нови. Од овој фестивал потекнуваат голем број балкански ѕвезди кои изградиле блескава кариера.

Токму во нивно друштво, како и во друштво на многу млади регионални ѕвезди, Давид се истакна со моќна и емотивна балада под наслов “Реци ми”, која беше пречекана со огромен аплауз од страна на публиката но и од страна на многу музички критичари и телевизиски и радио уредници, колеги,  меѓу кои беа и Јелена Томашевиќ и Жељко Васиќ.
Станува збор за моќна балада која е спој на емоција и уметност, отпејана на свој и препознатлив начин.Со оваа песна Давид се потврдува како доминантен вокал кој владее подеднакво добро со сите музички стилови, но и во моќни балади како што е токму оваа, “Реци ми”.


[There are no radio stations in the database]