Гуру Харе ја сними „Македонска“

Written by on мај 11, 2021

Игор Атанасовски – Харе ја објави новата песна „Македонска“ – широк и баладичен инструментал со препознатливи елементи од народната музичка традиција. Во изведбата на оваа музичка посвета на Македонија, освен Гуру Харе како гитарист, автор на музиката, на аранжаманот и на стиховите, учествуваат и  Александар Јовевски на кавал, Филип Димишковски на клавијатури, а снимањето и продукцијата, плус тапаните се на Мите Димовски од музичкото студиото „Тралала“, каде што е снимена „Македонска“. Ја слушаме деновиве како еден од хитовите на Бубамара Радио оваа недела.


[There are no radio stations in the database]