Гуру Харе со нова песна – од љубов и од блуз не се бега

Written by on септември 17, 2021

Звучи познато, а сепак ново и поинаку? Да, тоа е новата песна „Од љубов не се бега“ на Игор Атанасовски, познат како Гуру Харе, инспирирана од текстот во истоимената песна на Зафир Хаџиманов.

-Ме инспирира поезијата на Зафир и направив поинаква музика и аранжман за неговиот текст. Песната е напишана со едноставен народски јазик, исто како блуз-песните и тоа ме повлече да и дадам таков музички облик, вели Гуру Харе за новата песна.

Познат по блуз-изведби, Гуру Харе ја напиша музиката и аранжманот за „Од љубов не се бега“ во најдобрите традиции на жанрот довајки и нов призвук, но дури и класичната оригинална верзија на Зафир во својата најдлабока основа – во суштина е блуз на негов начин.

Новата верзија на „Од љубов не се бега“ е снимена во студиото “Тралала“ во Скопје, а во изведбата, покрај Харе на гитара и вокал, учествуваат и Трајко Симоновски на  бас, Дамир Имери на клавијатури, Мите Димовски на тапани и продукција.

Оваа песна неделава ја слушате како еден од хитовите на Бубамара радио.


[There are no radio stations in the database]