Гуру Харе и Тања Тас во „Бројаница“

Written by on јануари 11, 2022

Песната „Бројаница“ на Игор Атанасовски, познат како Гуру Харе, во изведба на Тања Тас, вокалистка на групата „Темпера“ е чудесна балада за животот, метафорично претставен како бројаница. Автор на музиката, текстот и аранжманот е Гуру Харе, а во изведбата учествуваат и Давид Имери на хемонд органа и Мите Димовски на тапани.

Доследен во својата музика, длабоко промислена и авторефлексивна, Гуру Харе создаде нова балада за животот, која со чудесниот глас на Тања Тас добива дополнителна вредност. Оваа бројаница од звуци е огледало на нашата бројаница од денови, која штотуку почнавме да ја вртиме во се уште новата и млада 2022 година.

Наскоро на Јутуб каналот на Гуру Харе ќе биде достапно и видео за „Бројаница“. Дотогаш слушајте ја на 105,2.


[There are no radio stations in the database]