Гуру Харе го заврши новиот албум со песната „Реприза“

Written by on јули 3, 2020

Интимна и авторефлексивна, таква е најновата песна „Реприза“ на Гуру Харе, 8-ма и последна во новиот албум, снимен со повеќе различни пејачи, меѓу кои се и Аки Рахимовски, Тамара, Дани и др.

-Има повеќе пејачи на албумот, но оваа песна одлучив да ја испејам самиот. Уште повеќе бидејќи е интимна. Се надевам дека ќе и се допадне на публиката. Подготвувам и видео кое ќе го објавам наскоро, вели Игор Атанасоски, познат како Гуру Харе.

Дали љубовта има рок на траење, колку е потребно за среќа, дали сум сопствена реприза, овие прашања Гуру Харе ги поставува и трага по нивен одговор во „Реприза“, за која ги напиша музиката и текстот. Песната е снимена во студиото „Тралала“ на Мите Димовски, а во тимот се и Дамир Имери на клавијатури, Трајко Симоновски на бас и Сара Николовска, која ги пее придружните вокали.

„Реприза“ на Гуру Харе, ќе ја има својата промоција на фреквенцијата на Радио Бубамара, во поеделник, 6 јули, во  9 часот.


Current track

Title

Artist