Горан Папаз со нова песна и спот!

Written by on септември 21, 2021

Станува збор за темата “Кога љубов имам”, која е работена заедно со продуцентот и композитор Гоце Симоноски, а е снимена во студиото на Лазар Цветкоски, LCV Production.

Музиката ја напиша самиот Папаз, а аранжманот е на Гоце Симоноски.

-„Се работи  за ведра тема во која се појавуваат и женски вокали. Инспирацијата за истата е љубовта кон се што е околу нас т.е. се што не опкружува а не прави среќни.“-изјави Папаз за новиот сингл.

Видеото е снимено и режирано од страна на Ѓоле Наумовски, Мега Продукција.

Како главен протагонист во видеото се појавува моделот Емилија Малезан”


[There are no radio stations in the database]