Горан Папаз сними песна со Влатко Стефановски!
Written by Р.Б. on мај 25, 2022
Саксофонистот Горан Папаз, минатиот месец, ја промовираше песната насловена „Овој момент“, каде гостува и легендарниот Влатко Стефановски, а минатата недела го објави и спотот за истата.
„Не можам да опишам со зборови колку ми значи ова парче музика на кое ми гостува човекот кој никого нè оставил рамнодушен со неговото свирење. Бескрајно сум благодарен на маестро Влатко Стефановски и на сите што работеа на овој проект“, напиша Горан Папаз.

Инаку, аранжманот и продукцијата на песната се на Гоце Симоноски, мастерингот е на Лазар Цветкоски, а за музиката се погрижи самиот Горан Папаз.
Песната е снимена и работена во студиото на Лазар Цветкоски и Танче Гроздановски, а видеото е изработено од страна на познатиот режисер и сценарист Гоце Цветановски.