Горан Папаз преработи песна од Тоше Проески!

Written by on декември 21, 2021

Саксофонистот Горан Папаз ja објави преработката на песната „Го молам ноќва небото“ од Тоше Проески.

Како продуцент и гитарист на песната се потпишува Танче Гроздановски, пијаното го свири Иван Еминовиќ, а вокалот е на Андреа Гроздановска.

„Маестро Григор Копров кој е автор на музиката и еден од најдобрите текстописци кај нас, Огнен Неделковски, несебично дадоа дозвола за да се направи оваа преработка“, информираше Папаз.

Песната е снимена во студиото Гроздановски.


[There are no radio stations in the database]