Горан Бреговиќ – незаборавен концерт

Written by on март 23, 2019

Синоќа во салата Борис Трајковски генијалниот музичар Горан Бреговиќ одржа прекрасен, незаборавен, роденденски концерт. Поранешниот лидер на легендарниот бенд „Бјело дугме” настапи со Македонската филхармонија и со неговиот „Оркестар за свадби и погреби”. На концертот беше промовиран албумот „Три писма из Сарајева”. Публиката два часа уживаше со три фантастични солисти, два оркестра и симфониска атмосфера. Бреговиќ за крај ги остави највеселите негови песни.

Фото: Стефан Рајхл


Current track

Title

Artist