Големиот хит на Здравко Чолиќ, „Једина“, во изведба на Фрајле!

Written by on ноември 28, 2020

Фрајле, четири убави и исклучително талентирани дами, со обработката  на големиот хит на Здравко Чолиќ, „Једина“, го најавуваат новио албум „Обрадуј ме вол.2“.

Марија, Наташа, Јелена и Невена одбележаа десет години постоење со албумот „Обрадуј ме“, еден од најслушаните албуми во регионот.

Деновиве, оваа приказна добива продолжение -песната „Једина“ е хит што одбележа многу генерации и е дело на тројца неспорни автори кои исто така ја одбележаа музиката на овие простори. Автор на музиката е Кемал Монтено, а текстот го потпишуваат Арсен Дедиќ и Корнелије Ковач.

Фрајле ја слават музиката и затоа песната „Једина“ е прекрасна најава за нивниот нов студиски албум, кој светлото на денот ќе го види следната година.

Инаку, новиот хит на Фрајле, засега можете да го слушате на Ради бубамара.


Current track

Title

Artist