Глумецот Милан Васиќ во вокална мисија

Written by on јули 5, 2022

Деновиве глумецот Милан Васиќ ја објави песната „Полетио соко сиви“ и видео-спотот за неа, во чија изработка учествуваше речиси целосно македонска екипа.

-Ова што го правам не е класично снимање музика за да бидам пејач, тоа не ме интересира – објаснува актерот Васиќ на својот Инстаграм-профил и додава дека ова е неговата мисија.

– Да се зачуваат вистинските косовски песни, традиции, верата, семејствата и огништата – тоа е мојата мисија. Со спотовите сакам да ги прикажам убавините на Косово и Метохија – објаснува Васиќ.

Спотот за песната „Полетио сиви соко“ е снимен на Шара

Музиката за песната ја напишал Дејан Аксиќ, на текст на Мирољуб Јевтиќ и во аранжман на Драган Николиќ. Видеото е снимено на Шар-планина и во манастирот Дечани, а речиси целокупната снимателска екипа за спотот е македонска.

Мајката и таткото во спотот се вистинските родители на Васиќ.

Актерската популарност Милан Васиќ ја стекна во филмот „Коњи врани“ на Љубиша Самарџиќ, играше и во серијата „Рањени орао“ и во „Јесен стиже, дуњо моја“. Во 2005, весникот „Политика“ го претстави како личност во областа на актерството што ја одбележала годината. Роден е во место, близу до Косовска Каменици, а денес работи во Народниот театар на Приштина со преместено седиште во Косовска Грачаница.


Current track

Title

Artist