Гаро Тавитјан сними песна со добитникот на наградата Греми

Written by on декември 21, 2021

Гаро Тавитјан продолжува да реди успеси и забележливи соработки со врвни брендови од светот на музиката, а последното нешто од неговата музичка работилница е песната Revitalization со легендарниот гитарист Френк Гамбале. Видеото, на кое гостува и постариот брат на Гаро, Диран Тавитјан, го објави светската компанија Зилџан и е дел од серијата Artist Spotlight, која Зилџан ја реализира последниве години. Музиката, аранжманот и продукцијата се на Гаро, Френк Гамбале свири на гитара, а Диран на пијано соло.

„Ова беше многу долг процес и не го сметам само за мој личен успех колку што е тимска работа од многу години на моите најблиски и нивната подршка беше клучна. Чест ни е што ја ставаме Македонската и Скопската култура во светската музичка историја.И благодарам на нашата сцена и на останатите земји каде настапував долги години и се надоградував и посебно на Американските концертни сали и компании каде влегов во светските Bluе Note, Carnegie Hall, Nublu, Vic Firth (каде сум заштитно лице), Modern Drummer, Remo, Drum Talk TV и останати институции“- објави Гаро Јуниор на својот Фејсбук профил.

Инаку, Гаро во изминатите години стана и заштитно лице на бројни компании и звучни брендови за делови на тапани кои го одбележуваат светот на тапанарите, а неодамна доби и палици на најдобрата компанија „Vic Firth“ со свој потпис.


Current track

Title

Artist