ГАРО ПРОСЛАВИ 50. ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ

Written by on јуни 2, 2018

Легендарниот тапанар Гарабет Тавитјан сношти прослави јубилеј, 50 години од својата музичка кариера.

Гаро ги собра блиските пријатели и соработници на забава на интересна локација, во Сули Ан, во Скопската чаршија.

Пред пријателите во Сули Ан, Гаро ја покажа  својата мултиинструментална умешност.

Свиреше прво на пиано, па на гитара, имаше и неизбежна сесија на тенџериња кои се негов заштитен знак, и за крај на тапани.

Секако тука беа  и неговите синови, Диран и Гаро јуниор, свирејќи џез и блуз импровизации.

На крајот, настанот се претвори во неформална караоке забава, на која многу пријатели на Гаро, легендарни музичари од неговото време пееја евергрини.


Current track

Title

Artist