Врчак снима нов албум во САД
Written by Р.Б. on декември 20, 2022
Раперот Раде Врчаковски – Врчак прати абер од Соединетите Американски Држави – најавува нов албум, снимен во студијата Парамонт на Лос Анџелес, во соработка со менаџерот на светски познатиот Бруно Марс. На својот профил на „Фејсбук“ Врчак најавува дека новиот албум, за кој по препорака на неговите професори од Беркли соработувал со врвни имиња, ќе се појави идната година.
– Љубовен музички албум е, ќе напишам подетално се на Фејсбук. Подгответе се за изненадување идната година по завршување на кризата – порача Врчак.
Иако најавен како љубовен музички албум, проектот е концептуален и опфаќа широк спектар прашања за заштита на животните и против нивната злоупотреба.