Врчак се врати на сцената со „Да ме лижнеш“

Written by on декември 23, 2022

Раде Врчаковски – Врчак беше еден од најпопуларните музички артисти во Македонија пред една деценија, чии песни беа големи хитови.

Откако ја објави неговата последна песна „Снегулка“ во 2011 година, Врчак се повлече од музичката сцена и целосно го промени животниот стил – од популарна музичка ѕвезда, тој стана поборник за здрав начин на живот.

Единаесет години подоцна, популарниот рапер реши да ги израдува обожавателите со нова музика, пропратена со двочасовен вовед во кој тој зборува за тоа како да си го подобрите здравјето со консумација на растителна храна и во кој споделува совети базирани на неговите долгогодишни истражувања и искуства. За оние кои не знаат, Врчак дипломирал на студиската програма Општа медицина на Медицинскиот факултет во Скопје.


Current track

Title

Artist