„Враќање дома“-нов сингл на Мијата!

Written by on мај 24, 2022

Мијата, во пресрет на летото, објави нова песна насловена „Враќање дома“. Музиката е на Александар Пешевски, текстот го напиша Весна Малинова, а аранжманот е на Дамир Пух, Наташа Миха и самата Мијата, која овој пат се јавува и како режисер на интересна видео приказна со која е пропратена новата песна.

„Снимањето на спотот беше моето прекрасно искуство. Скопјани извонредно реагираа на музичкиот камионет што возеше и пееше од Ѓорче Петров до Железара. Сакам да упатам благодарност и до авторскиот тим, кој направи парче музика што многу автентично ме отсликува, и секако до луѓето задолжени за видеопродукцијата, кои ја поддржаа мојата идеја – изјави Наташа Крстевска-Мијата за својата нова песна“.


Current track

Title

Artist