Во новиот Борат, дури две песни од Бреговиќ!

Written by on октомври 27, 2020

Критичарите едногласни: „Враќањето на казахстанскиот новинар Борат во Ветената земја во продолжението на филмскиот хит е дополнително зачинето со музиката на босанскиот композитор Горан Бреговиќ.

Се чини дека легендарниот британски комичар Саша Барон Коен, главниот јунак и продуцент на филмови за Борат, тешко може да се оддели од Бреговиќ, со кого прв пат соработуваше во 2006 година за време на снимањето на првиот филм.

Во првото продолжение, да ве потсетиме, заедно со Бреговиќ, на саундтракот се појавија голем број реномирани музички уметници од Ромска националност, како што се Есма Реџепова, Кочани оркестар и Фанфаре Чиокарли, како и хрватската клавијатуристка Белинда Бедековиќ.

Второто филмско продолжение се отвора со „Едерлези“ на Бреговиќ, кој и е познат на јавноста од „Дом за бесење“ на Емир Кустурица, компонирана со мотиви на ромска музика и обработена во различни стилови.

Борат, во Америка од родното село во Казахстан, е придружуван и од „Калашников“, втора песна на Бреговиќ, компонирана за потребите на филмот на Кустурица „Underground“.


Current track

Title

Artist