Во новата песна Игор Џамбазов признава: Love is so good

Written by on јуни 27, 2021

Игор Џамбазов објави нова песна, насловена едноставно „Love is so good“. Песната за која Игор ги напиша музиката и текстот е снимена во студиото „Тра-ла-ла“ на Мите Димовски и претставува своевидно музичко признание за убавиот период низ кој Игор очигледно минува – откако од минатата година е во врска со алпинистката и сликарка Илина Арсовска.

Песната е мирна, речиси баладична, а рефренот порачува „… многу ми е премалку, love is so good“. Песната зрачи со feel good aтмосфера и предизвикува на насмевка,  а посветата на Илина е речиси очигледна, особено во делот каде што текстот порачува „…земи ме со тебе преку седум планини и реки“. Мало потсетување, Илина е првата Македонка која ги искачила највисоките врвови на седумте континенти.

Песната „Love is so good“ слушајте ја неделава како хит на програмата на Бубамара радио.


Current track

Title

Artist