Внукот на Тоше Проески во Лондон ја сними својата прва соло песна
Written by Р.Б. on октомври 29, 2018
Денес, понеделник, песната насловена „Ние сме крв“ („We Are Blood“) ќе биде промовирана во 12 часот на „Радио Бубамара“.
Имено, Кристијан Ристески, внукот на Тоше Проески, со песната „We are blood“ ќе зачекори на македонската музичка сцена.
Заедно со Енди Рајт, познатиот британски композитор и продуцент, тие се автори на композицијата.
,,Бев во Лондон, во студиото на Енди Рајт, кој беше задолжен за доработка на песните од новиот постхумен албум на вујко ми, „The secret place“.
Во текот на престојот Енди доби идеја да снимам една песна. По долго размислување ја прифатив понудата и решив да пеам за вујко ми.
Текстот на песната произлезе од нашите разговори поврзани за Тоше. Го напишавме двајцата- открива Кристијан.
За темата е реализиран и спот, а во улога на режисер се појавува Александар Пауновски.
Инаку,Кристијан студира соло пеење на факултетот Есра. Моментално се подготвува за концертот во чест на Тоше, кој ќе се одржи на 2 ноември во „Борис Трајковски“, кога ќе ја изведе „We are blood“.
Дел од спотот Кристијан го објави на Фејсбук.
#WeAreBlood new single and video available 29.10.2018upcoming album #SecretPlace🎸🤘
Posted by Kristian Risteski on Сабота, 27 октомври 2018