Владимир Четкар го објави видеото за новиот сингл „Come With Me“

Written by on септември 5, 2018

Џез-музичарот Владимир Четкар го промовира новиот сингл  „Come With Me“ , првиот од албумот на којшто работи во моментов и што ќе го промовира до крајот на годината. Песната е снимана во Њујорк во студиото  The Bunker Studio  .

Таа е комплетно авторско дело на Четкар, кој е продуцент, композитор, текстописец, аранжер, диригент, гитарист и вокалист. Песната со соул, џез, фанк, диско и поп звук е снимена целосно со жива инструментација.

За песната Четкар сними видео во режија на Борче Димовски. Спотот е снимен на повеќе локации во Охрид.


Current track

Title

Artist