Владимир Кочиш –Зец од „Нови фосили“ е неуморен: Новата песна е есенска балада

Written by on декември 3, 2021

Меланхолична и романтична – таква е новата песна на Владимир Кочиш – Зец, некогашниот член на групата „Нови фосили“, кој и натаму неуморно работи. 73-годишниот пејач и гитарист деновиве ја објави песната „Дуња под јакном“, есенска балада која веднаш кај публиката предизвика бројни позитивни ракции.

-Ја избрав дуњата како симбол во оваа песна, симбол на убавината, долготрајноста и оптимизмот, како плод што симболизира една убава љубов – вели Зец.

Тој е автор на музиката и аранжманот и коавтор на текстот со Жељко Павичиќ.

По сите овие години на музичката сцена, прво со „Нови фосили“, а сега самостојно Зец смета дека никогаш не ја изневерил публиката.

-Младата публика ме респектира, но не ме слуша, но затоа имам средновозрасна и возрасна публика, која никогаш не престанала да ме слуша – вели Зец.

Позитивните коментари под видеото за новата песна потврдуваат дека навистина е така.


[There are no radio stations in the database]