Виртуелен концерт на Шербеџија – за уживање од тросед

Written by on април 8, 2021

На виртуелен концерт Раде Шербеџија утре (9.04.) ќе го претстави актуелниот студиски албум „Ne okreći se, sine“. Новите хитови од овој албум, кој се појави во декември минатата година, ја претставуваат главната содржина на овој концерт, со кој Шербеџија и неговите соработници, ќе се обидат преку песна и атмосфера да влезат во домовите на гледачите. Гости на Шербеџија ќе се Габи Новак и џез-пијанистот Матија Дедиќ, актерката Маја Посавец и актерот Горан Богдан.

-Првиот виртуелен концерт го имав минатата година. Нарачан беше од една црногорска телевизија. Го направив близу мојата куќа во Барбарига, а публика ми беше моето семејство – жената, децата и внуците. Новиот виртуелен концерт е поинаков. Осмисливме сценографија во Croatia Records Studio и од таму ќе се обидеме атмосферата да ја пренесеме во домовите на сите кои ќе не гледаат – вели Шербеџија.

Со Шербеџија,како и секогаш, настапува неговиот Западни колодвор бенд.

Влезниците за концертот може да се набават преку Ентрио.хр.


Current track

Title

Artist